Top Sport


Ред Бул донеле одлука да го направат рокада Јуки Цунода за Лијам Лосон

Ред Бул, донесе одлука да ги замени своите возачи по само две трки во тековната Формула 1 сезона. Шпекулациите дека ова може да се случи, се појавија по лошата форма на Лијам Лосон. Возачот од Нов Зеланд ги заврши првите две трки на 15-то и 12-тото место, откако на успеа да ја мине првата рунда во квалификациите за трките во Австралија и Кина.

Лијам Лосон ќе оди во Рејсинг Булс, а на неговото место одо овој тим ќе дојде Јуки Цунода, кој за Ред Бул ќе дебитира на домашен терен, на трката за Големата награда на Јапонија на 6 април.

Медумите тврдат дека одлуката Лосон да биде испратен во сестринскиот тим ќе биде официјализирана до крајот на неделата.

Ваков расплет вчера најави шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

„Шампионатот за конструктори ќе биде тешка задача за нас и ќе мораме значително да го подобриме болидот за да бидеме воопшто конкурентни. Мора да имате два болиди кои освојуваат поени, тоа беше нашиот проблем минатата година. Дури и во борбата за титулата кај возачите мора да имате два болида. Клучот е да се осигураме дека двајцата наши возачи ќе бидат што е можно поблиску до врвот“, рече тој.

По заминувањето на Серхио Перез, Ред Бул бараа нов тимски колега за четирикратниот шампион Макс Ферстапен, се одлучија за 21-годишниот Новозеланѓанец Лосон, кој последните шест трки од минатата сезона го возеше во болидот на Рејсинг Булс и освои две деветти места.

Јуки Цунода (24) ја вози својата петта сезона во Формула 1, сите ги помина тимот на Рејсинг Булс, кој претходно настапуваше под името АлфаТаури, а потоа и под името РБ.

Минатата сезона заврши на 12. место во поредокот кај возачите. Цунода во Австралија заврши на 12., а во Кина на 16.место.

Scroll to Top