Top Sport

Ред бул го „буцкаат“ Тото Волф: Ајде и во Истанбул носи опрема на „бикот“

Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко вели дека би бил презадоволен ако неговиот главен ривал, шефот на Мерцедес, Тото Волф повторно носи опрема на Ред бул и во Истанбул овој викенд.

Ова доаѓа откако на социјалните мрежи се потсмеваа со фотографијата на Австриецот Волф во заштитно одело на Ред бул од деновите кога тој уште се тркаше.

„Се надевам дека не е неодамнешна фотографија. Но, верувајте, јас немам ништо со тоа. Би бил среќен да носи Ред бул и во Истанбул“, се насмеа Марко.

49-годишниот Волф имаше спонзорство на Ред бул откако учествуваше на трките на издржливост пред 15-тина години, а исто така триумфираше на трката 24 Часа Дубаи во 2006 во опрема со Ред бул.

Scroll to Top