Top Sport

Златан му кажал на Кантона: Ти си крал, јас ќе бидам бог на Манчестер

Златан Ибрахимовиќ открил дека му кажал на Ерик Кантона дека ќе стане „бог на Манчестер“, откако француската легенда на Манчестер јунајтед му порачал дека никогаш нема да го замени како „крал на Манчестер“.

Ибрахимовиќ дојде како слободен играч на „Олд Трафорд“ во 2016 година, и бргу стана култна личност во клубот, предводејќи ги до титулата во Лига Европа, и најавувајќи му на Кантона дека ќе го надмине неговиот статус.

Кантона, кој уште е обожуван од навивачите на Јунајтед, освои четири титули од Премиерлгата во пет сезони од 1992 до 1997.

„Еден ден Кантона ми кажа: ‘Не можеш да бидеш крал на Манчестер, мораш да се задоволиш со тоа да бидеш принц’. Јас му одговорив: ‘Не сакам да бидам крал, сакам да бидам бог на Манчестер’“, вели Ибрахимовиќ за италијанскиот „Ла јене“.

Scroll to Top