Плановите за партнерство во Формула 1 помеѓу Ред бул и Порше и официјално се прекинати, откако германскиот производител преку соопштение објави дека нема да има соработка со австрискиот тим.
Неодамна Фолскваген групацијата потврди дека Ауди и Порше влегуваат во Ф1 во 2026 година со новите генерации на мотори, и се веруваше дека додека Ауди ќе го откупи тимот на Заубер и ќе вози како конструктор, Порше ќе влезе во партнерство со Ред бул и е откупи 50 отсто од тимот. Но, по Холандското ГП, почнаа шпекулациите дека нема ништо од договор и сега Порше го потврди тоа преку соопштение.
„Во последните неколку месеци, Порше и Ред бул имаа преговори за можност на Порше да влезе во Формула 1. Двете компании сега заеднички дојдоа до заклучок дека преговорите нема да продолжат. Нашата идеја беше партнерството да биде подеднакво, не само за моторите, туки и за тимот, но то не можеше да се освари. Со новите правила за мотори во Ф1, серијата останува атрактивна за Порше, и ќе продолжиме да го следиме развојот на работите“, се вели во објавата на Порше.
Иако Хонда не ги раскина целосно врските со Ред бул по нивното официјално повлекување на крајот на минатата сезона, не е јасно дали јапонскиот гигант планира враќање во 2026 година. Во меѓувреме, Ред бул продолжува со изработката на сопствени мотори преку Ред бул пауертрејнс.
In the course of the last few months, #Porsche AG and Red Bull GmbH have held talks on the possibility of Porsche’s entry into Formula 1. The two companies have now jointly come to the conclusion that these talks will no longer be continued. More: https://t.co/ZtOfoYr7U4 pic.twitter.com/1XCKaLbPfk
— Porsche Newsroom (@PorscheNewsroom) September 9, 2022