Top Sport

Ред бул: Не сме испратиле понуда за Алонсо

Формула 1 тимот „Ред бул“ ги негира информациите дека имале обиди, за наредната сезона, да го донесат Фернандо Алонсо.

Шпанецот, неодамна објави дека по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Формула 1, рекол дека добил понуда од „Ред бул“, во наредното првенство да го заземе местото на Даниел Рикардо, кој ќе седне во болидот на „Рено“.

foto: epa

„Во Формула 1 повеќе немам предизвици. Не сакам да влезам во оваа авантура“, рекол Алонсо.

Меѓутоа од „Ред бул“ ги демантираат овие наводи, а директорот Хелмут Марко, изјавил дека 37-годишниот возач „не се вклопува во тимот“.

„Преговаравме со него во 2007 и 2008 година. Не ни се допаѓаа неговите барања. Ако ја погледнете неговата историја, во „Мекларен“ и „Ферари“, тоа секогаш беше претстава за еден човек“, рекол Марко.

Главна цел на Алонсо по заминувањето од Формула 1 ќе биде да ја освои неофицијалната тројна круна во мото-спортот, тој има шампионска титула во Формула 1, победи на трката „24 часа Ле Ман“ и по преостанува уште триумфира на трката „Инди 500“.

Алонсо се уште не потврдил дали наредната сезона ќе се натпреварува во Индикар серијата, но изјавил дека нема да се врати во Формула 1.

Scroll to Top