Top Sport

Шеикот Бин Зајед понудил 2 милијарди фунти за Ливерпул

Сопствениците на Ливерпул, одбиле за голема сума на пари да го продадат клубот на познато арапско семејство, на кое му припаѓа и газдата на Манчестер сити, шеикот Мансур.

Калид Бин Зајед, имал состанок со сопствениците на „црвените“, односно со челните луѓе на групацијата „Финвеј“, Џон Хенри и Том Вернер. Бин Зајед им понудил „луда“ сума од две милијарди фунти, која Хенри и Вернер ја одбиле, бидејќи сметале дека можат да го продадат Ливерпул за повеќе пари.

„Ливерпул не е на продажба“, се вели во краткото соопштение на „Финвеј“ групата.

ШеикотБин Зајед е основач на групацијата „Бин Зајед“, која постои од 1988 година. Тој е роднина на шеикот Мансур, човекот што изминатите неколку години вложи речиси една милијарда фунти во Манчестер сити.

Сопствениците на Ливерпул, во изминатите десет месеци одбиле две понуди за да го продадат клубот. Претходно, конзорциумот „ПЦП“, понудил 1,5 милијарди фунти за Ливерпул.

Scroll to Top