Top Sport

Ред Бул објасни зошто Ферстапен не ја заврши трката во Шангај

Ред Бул даде официјална изјава во врска со повлекувањето од трката во Кина.

Тимот на Мерцедес постигна двојна победа во Шангај на трката во Формула 1 за Големата награда на Кина.

Четирикратниот шампион Макс Ферстапен мораше да се повлече на 10 круга до крајот на трката.

Сите беа шокирани по одлуката на Ред Бул бидејќи Макс беше на 6-та позиција, а прес-конференцијата по трката со шефот на Ред Бул, Лорен Мекис, беше откажана.

Сепак, тие објаснија што се случи:

Имаа проблем со системот за обновување и полнење на енергијата на батеријата (ERS систем) и ладењето на тој систем не беше можно, па затоа решија да го заштитат автомобилот и деловите и да го повлечат автомобилот од трката.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');