Top Sport

Ред бул подготвени да ја преземат програмата на Хонда, но со гаранции

Ред бул се подготвени да ја преземат програмата за развој на мотори од Хонда пред повлекувањето на јапонската компанија од Формула 1, но бараат гаранција од Формула 1 дека развојот на мотори ќе биде „замрзнат“ пред првата трка од сезоната 2022.

Хонда овој месец потврди дека на крајот на следната сезона се повлекуваат од Формула 1, со што Ред бул рејсинг и сестринскиот Алфа Таури немаат мотори за од 2022, и не сакаат да се вратат со партнерство со Рено. Наместо тоа, австриската компанија е подготвена да направи инвестиција и да ја преземе програмата за мотори на Хонда и да ја развива како сопствена програма.

Советникот на Ред бул, Хелмут Марко вели дека ова е најдобрата опција, но само ако се добие гаранција дека развојот на моторите ќе биде ограничен по следната сезона бидејќи тие немаат доволно ресурси за да ги развиваат мотирте.

„Се работи за многу комплексна тема. Најдобро би било да се преземе интелектуалната сопственост од Хонда и потоа да работиме на моторите во нашата фабрика во Милтон Кејнс. Но, ова ќе биде можно само ако потоа се замрзне развојо на моторите, бидејќи финансиски не можеме да си дозволиме развој на моторите“, вели Марко за „Спорт 1“.

Формула 1 ќе има нови мотори од 2026 година, така што развојот на сегашните мотори би требало да остане ист во следните четири години.

„Не сакаме договор со други производители на автомобили, бидејќи имаат сопствени тимови и си ги развиваат моторите околу нивните шасии. Така ние би требало да ја адаптираме шасијата за моторот и тоа ќе биде недостаток кој би морале да го прифатиме“, додава Марко.

Scroll to Top