Top Sport

„Магарешки удар“ – слободниот удар што беше толку добар што го забранија!

Пред точно 50 години, англиските фудбалски фанови првпат во историјата имаа шанса да гледаат ТВ-пренос во боја, кој беше одбележан со можеби најдобриот гол од слободен удар, кој иако беше прогласен за најдобар гол во сезоната, на крајот беше забранет.

Во октомври 1970, Ковентри сити (тогаш стандарден прволигаш) ги пречекуваа Евертон, кога Ерни Хант постигна многу специјален гол од слободен удар, откако Вили Кар му ја „потфрли“ топката за спектакуларен гол при 3:1 победата.

Голот со „магарешкиот удар“ ги зачуди сите, но веднаш вакви трик-удари беа забранети од фудбалските власти.

Scroll to Top