Top Sport

Ред бул поминаа само со казна од 7 милиони долари за пречекорување на буџетот

Ред бул рејсинг добија казна од 7 милиони долари и намалување од 10 отсто на тестирањето во воздушен тунел следната сезона како казна за прекршување на правилата за ограничен буџет во Формула 1 од 145 милиони долари во 2021. Ред бул го прифатиле договорот со ФИА, што значи дека казната не може да биде обжалена.

ФИА утврди дека Ред бул го пречекориле буџетот за 432.652 фунти откако се зеде во предвид даночното олеснување во Велика Британија од 1.4 милиони фунти, што значи дека пречекорувањето било за 0.37 отсто. Ривалите на Ред бул од Ферари и Мерцедес бараа строга казна за тимот, бидејќи според правилата на ФИА Макс Ферстапен можеше да ја загуби освоената титула, но ФИА одлучи дека се немало намера за да се добие нефер предност.

„Нема обвинување, ниту докази дек Ред бул рејсинг во било кој момент делувале со лоша намера, неискрено или со обид за измама, ниту дека намерно криеле податоци од ФИА“, се вели во одлуката на ФИА.

Единствена значителна казна за Ред бул е намалувањето на тестирањето во воздушен тунел, бидејќи според правилата на ФИА, Ред бул како шампион кај конструкторите и така ќе имаше најмало време за тестирање.

Scroll to Top