Top Sport

Ред бул потврдија: Алфа Таури повторно ќе го смени името во 2024

Минарди, Торо Росо, Алфа Таури… Советникот на Ред бул, Хелмут Марко потврди дека нивниот втор тим, кој сега настапува под името Алфа Таури ќе добие ново име во 2024 за да се „следи Ред бул рејсинг колку што дозволуваат правилата“.

Јуниорскиот тим на Ред бул во последните неколку години има разочарувачки резултати и тие ќе се обидат да интервенираат со доствување на што е можно повеќе делови од Ред бул рејсинг од следната сезона. По повеќе сезони во средината во Ф1, Алфа Таури беа само деветти во генерален пласман лани, а оваа година се на последното место со само 2 поени по осум трки.

„Алфа Таури ќе има двајца нови лидери во 2024, Лорен Мекис и Петер Баер, а ќе има и нови спонзори и ново име. Целта и ориентацијата е јасна: да се следи Ред бул рејсинг колку што дозволуват правилата. Сопствено дизајнирање на болидот очигледно е погрешна насока“, вели Марко во интервју за австрискиот весник „Клајне цајтунг“.

Тој не сакаше да каже дали се планира и смена на возачкото дуо Јуки Цунода-Ник де Фрис.

„Јуки во основа има добра сезона со многу несреќни резултати и казни. Перформансите се добри, другите работи мора да се сменат. Со Ник де Фрис засега не сме задоволни и ќе видиме што ќе се случи“, додава Марко.

Scroll to Top