Top Sport

Фиорентина дава 6 милиони евра за Ливаковиќ

Фиорентина поднеле понуда од 6 милиони евра плус бонуси за голманот на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ, објавува „Скај спорт Италија“, кои објаснуваат дека хрватскиот клуб сака повисока сума од барем 10 милиони евра.

Ливаковиќ, кој си ја зголеми својата репутација на минатото СП во Катар во декември, има договор со Динамо до 2024 година, а за 28-годишниот голман се заинтересирани и Вилјареал во Шпанија.

Ливаковиќ цела кариера ја помина во Хрватска, играјќи за Задар, Загреб и Динамо.

Scroll to Top