Ред бул рејсинг потпишаа повеќегодишно партнерство со компанијата за трговија со крипто-валути „Бајбит“ (Bybit) во најголемиот годишен договор во било кој спорт.
Тимот од Милтон Кејнс не ја откри вредноста на договорот во објавата, но се верува дека тие ќе добиваат фантастични 150 милиони долари во следните три години, а „Бајбит“ ќе стане вториот главен партнер на тимот.
Ова е втор огромен договор за Ред бул, откако минатата недела го објавија гигантот „Оракл“ (Oracle) како главен договор во спонзорски дил вреден 500 милиони долари во следните пет години.
Со овие два договори, тимот ќе добива 110 милиони долари со што ќе бидат покриени мнозинството од трошоците, бидејќи во Ф1 постои ограничување на буџетот за 2022 за 140 милиони долари, за од 2023 оваа сума да се намали на 135 милиони долари.