Top Sport

Ред бул сметаат дека и Мерцедес се виновни за „копирањето“ на болидот

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер вели дека е „интересно“ да се посочи улогата на Мерцедес во „копирањето“ кое го направи Рејсинг поинт со нивниот РП20 болид за кој доби казна од ФИА.

Рејсинг поинт беа казнети со 400.000 евра и загубија 15 поени поради дизајнот на сопирачките, за кои ФИА утврди дека се „копија“ на сопирачките на Мерцедес од минатата година, но им дозволи да ги користат до крајот на сезоната.

Ферари, Рено и Мекларен најавија жалба на одлуката бидејќи сметаат дека казната не доволна, но Мекларен се повлекоа од жалбата. Ред бул од страна сметаат дека дел од вината мора да биде кај Мерцедес.

„Ние сакаме да добиеме јасно толкување на правилата и што ќе биде дозволено во иднина. Ред бул се во уникатна позиција со два ГП тима и секогаш сме ги почитувале правилата, бидејќи е јасно што претставува конструктор на болиди. Мислам дека има многу прашања околу Мерцедес. Дали се виновни само Рејсинг поинт кои ги добиле деловите од Мерцедес, или и тие кои ги направиле деловите достапни? Тоа мора да го реши ФИА и тоа многу бргу“, вели Хорнер.

Scroll to Top