Top Sport

Јуве го носат Лаказет, на понуда за Игуаин, Даглас Коста или Ромеро

Јувентус се заинтересирани да го добијат напаѓачот на Арсенал, Александер Лаказет ова лето и се подготвени да дадат некој од своите играчи плус кеш за да ја оствари својата цел, јавува британскиот „Атлетик“.

Лаказет добиваше шанси под Микел Артета кај „топчиите“ и има уште две години од договорот со лондонскиот клуб, но тренерот добил порака дека мора да ги намали трошоците на клубот за да има пари за трансфери, а Лаказет со 180.000 фунти неделна плата е еден од тие кои можат да заминат.

Јувентус би ја искористиле шансата со понуда на Гонзало Игуаин, Даглас Коста или Кристијан Ромеро за Французинот, бидејќи Андреа Пирло сметал дека е потребна „помош“ во нападот на Кристијано Роналдо и Пауло Дибала.

Игуаин, кој полни 33 години во декември влегува во последната година од договорот, додека за Даглас Коста наводно се заинтересирани и Манчестер јунајтед ако не успеат да го донесат Џејдон Санчо. Ова го поставува 22-годишниот Ромеро како најверојатна замена и тој е играч каков што му е потребен на Артета да ја засили одбраната. Тој ја помина сезоната на позајмица со Џенова, а во Јуве нема место покрај Џорџо Кјелини, Леонардо Бонучи, Матијс де Лихт и Мерих Демирал.

Scroll to Top