Top Sport

Ред бул со неуспешно „цинкарење“ на Мерцедес кај ФИА

На седум трки до крајот на Формула 1 шампионатот и најнеизвесната борба за титулата помеѓу Луис Хамилтон во Мерцедес и Макс Ферстапен во Ред бул, не се штедат начините за добивање на предност пред конкуренцијата.

Според германските медиуми, Ред бул рејсинг побарале ФИА да го испита „пленумот“, односно количината на воздух која влегува во моторот на Мерцедес по сомнежите дека имаат трик кој ги заобиколува правилата, но извор од тимот за „Ауто мотор унд спорт“ изјавил дека ФИА им порачале дека нема да навлегуваат во дискусии за легалноста на болидите на ривалите за титула и дека титулата мора да се освои на патеката.

Ферстапен има седум победи оваа сезона, Хамилтон има пет победи, но Британецот има минимална предност од 3 поени пред последните трки. На Турското ГП нема вистински фаворит, но трките во САД, Мексико и Бразил би требало теоретски повеќе да им одговараат на Ред бул.

Scroll to Top