Top Sport

Орие како слободен играч пристигна во Вилјареал

Поранешниот десен бек на Тотенхем, Серж Орие потпиша едногодишен договор со шпанскиот прволигаш Вилјареал како слободен играч, откако претходно спогодбено си замина од северен Лондон.

28-годишниот Орие повторно ќе работи на „Керамика“ со тренерот Унаи Емери, кој му беше тренер во Пари Сен-Жермен, а клубот има опција да му го продолжи договорот на уште две години.

Орие го комплетираше трансферот пред да замине на репрезентативни обврски со Брегот на Слоновата Коска во квалификациите за Светското првенство во 2022 година. Овој договор е резултат на неговата нова соработка со новиот агент, поранешниот потпретседател на Монако, Вадим Василјев.

Scroll to Top