Top Sport

Ред бул со супер-старт во Имола, нова катастрофа за Саинс!

Стартот на втората „домашна“ трка за Ферари, ГП на Емилија-Ромања на легендарната Имола, не беше најдобра за Скудерија, откако Шарл Леклер од второто место падна на четвртото место, а неговиот колега, Карлос Саинс Јуниор без негова вина ја заврши трката по контактот со Даниел Рикардо во Мекларен, предизвикувајќи излегување на безбедносното возило.

Макс Ферстапен остана на првата позиција, но зад него Леклер падна зад Серхио Перез во вториот Ред бул и Лендо Норис во Мекларен, додека на „Тамбурело“, Рикардо и Саинс имаа контакт, по што заврши трката за Шпанецот, а Рикардо заврши на последното, 19. место. Влажната патека донесе многу слаба видливост, а најавено е дека во текот на трката ќе има и дожд.

Scroll to Top