Top Sport

Алкараз спаси две меч топки за финале во Барселона против Карењо Буста

Шпанската тениска сензација, Карлос Алкараз направи одличен камбек да го совлада Австралиецот Алекс де Минаур во полуфиналето на Барселона опен, за да обезбеди попладневна пресметка со сонародникот Пабло Карењо Буста на кралскиот тениски клуб во каталонската престолнина.

18-годишниот Алкараз спаси две меч-топки во вториот сет, за да стигне до 6:7(4)/7:6(4)/6:4 победа во меч кој беше одложен вчера поради дожд, за по вкупно 3 часа и 39 минути да стигне до нов импресивен триумф. Со оваа победа тој има 22-3 скор во 2022 и 9-0 скор на АТП 500 турнирите по освојувањето на деби титулта на Рио опен во февруари, и тој ќе се искачи во топ 10 првпат во својата кариера.

Осмиот носител, Пабло Карењо Буста претходно обезбеди финале со комплетирање на 6:3/6:4 победата на Аргентинецот Диего Шварцман.

Scroll to Top