Top Sport

„Ред бул ти дава крилја“ – Италијанските медиуми сметаат дека Ферстапен е фаворит за титула

Италијанските спортски весници веќе заклучија дека Мерцедес не е главниот фаворит за титулата во Формула 1 пред стартот на новата сезона 2021 и дека тоа се Ред бул и Макс Ферстапен, по нивните импресивини резултати на тестирањето во Бахреин.

Оценката е дека Ред бул изгледале многу подобро од Мерцедес на трите дена на тестирање и за две недели ќе имаме нов фаворит на стартот на сезоната.

„Последниот ден тестирање покажа дека Ферстапен и Ред бул се големите фаворити за победа нна првата трка. Мерцедес и Хамилтон имаат најлош почеток во последните осум години. Силата на Мерцедес секогаш била во стабилниот заден дел на болидот, но сега тој е преправен и Хамилтон не може да го вози болидот како што сака и сега наликува на Валтери Ботас. Ред бул имаат совршена шасија, а моторот на Хонда носи многу моќ“, се вели во коментарот на „Ла газета дело спорт“.

Според „Корире дело спорт“ пак, мотото на Ред бул: „Ред бул ти дава крилја“ сега е вистинит, но предупреди дека е можно Мерцедес да ги кријат вистинските перформанси.

„Тимот ги рашири крилата. Моторот на Хонда, возачите, капацитетот за развој на болидот… Се покажува дека имаме нов фаворит. Тешко е да се разбере каде се Мерцедес, но очигледни се проблемите кои ги имаа тие и Астон Мартин со нивните мотори. Германскиот тим сака да крие работи, затоа немаме јасна слика“, вели „Кориере“.

И „Скај спорт Италија“ се согласува:  „Јасно е дека Ред бул ја имаат најдобрата шасија, но не е јасно каде се Мерцедес“.

Scroll to Top