Ред Бил го покажа болидите кои Макс Ферстапен и Серхио Перез ќе ги возат на Големата награда на Турција и со кои австрискиот тим ќе се збогува со Хонда. Јапонската компанија по завршувањето на сезоната ќе го напушти првенството на Формула 1.
На болидите доминира белата боја. Ред Бул биле инспирирани од болидот на Хонада РА 272, со кој Ричи Гинтер, ја забележал првата победа за оваа компанија на Големата награда на мексико во 1965 година.
На болидот е истакната пораката „ありかとう (аригато)“, што на јапонски значи благодарам.
Планот на Ред Бул беше да се збогува со Хонда на Големата награда на Јапонија, меѓутоа трката во Сузука, поради коронавирусот нема да се вози и оваа година.