Top Sport

Рејсинг поинт биле „предадени“ од поранешен вработен

Утре ќе се знае дали Рејсинг поинт ќе добие зелено светло да продолжи со настапите со сегашниот болид, откако ФИА ќе одлучува за протестот на Рено околу легалноста на болидот кој многумина го нарекуваат „розевиот Мерцедес“ поради сличноста со минатогодишниот болид на шампионите.

Легалноста на болидот на Рејсинг поинт беше под лупа уште по зимските тестови во Барселона, кога појавија неверојатно сличен болид со Мерцедесот од 2019, а сега Рено реши да се фокусира на сопирачките на нивниот болид, бидејќи тоа е нешто што тешко се копира и е добар индикатор дали тимот имал надворешна помош од Мерцедес. Засега, Рејсинг поинт тврдат дека го копирале болидот само од фотографии на Мерцедес.

Меѓутоа, според угледниот германски магазин „Ауто, мотор унд спорт“, Рено добиле голема помош од поранешен вработен во Рејсинг поинт, кој бил присутен кога се „копирал“ болидот на Мерцедес. Тој најверојатно ќе сведочи пред ФИА за ова.

Scroll to Top