Top Sport

Рекорд на 24 часа Дејтона, Алонсо на 38. место (видео)

Филипе Албукерк, Кристијан Фитипалди и Жоао Барбоса триумфираа на 56. издание на трката 24 часа Дејтона, откако со нивниот „Екшн експрес рејсинг“ тим постави нов рекорд по извозена дожина за еден ден.

Со нивниот Кадилак ДПИ-ВР, тие комплетираа вкупно 808 кругови, подобрувајќи го рекордот од 762 круга поставен во 1992 година.

И на второто место беше автомобил на Кадилак, возен од Фелипе Наср, Мајк Конвеј, Ерик Каран и Стјуарт Мидлтоун, додека трети беа од тимот на Орека со Колин Браун, Џон Бенет, Роман Думас и Лоик Дувал зад воланот.

Ф1 ѕвездата, Фернандо Алонсо, со Јунајтед Лижие, загуби шанси за борба за подиумот уште во текот на вечерта поради проблемите со сопирачките, поради кои автомобилот долго време беше во гаражата (за да се смени цилиндарот),  за на крајот, заедно со Лендо Норис и Фил Хенсон трката да ја завршат како 38. во генерален пласман со 91 кругови заостанување.

И покрај ова Алонсо изјави дека е „задоволен“ од трката, која требаше да биде прв тест за неговите амбиции за победа на 24 часа Ле Ман оваа или следната година. Алонсо помина околу осум часа во автомобилот.

„Ова беше позитивна трка, најмногу бидејќи уживав во неа“, изјави Алонсо.

Scroll to Top