Top Sport

Штутгарт го отпушти Волф

Фудбалскиот клуб Штутгарт соопшти дека Ханес Волф повеќе не е тренер на првиот тим. Одлуката за смена на Волф раководството ја донело вчера по поразот од Шалке 0:2.

„По интензивни разговори, на кои ја анализиравме актуелната ситуација, донесовме одлука Хенес Волф повеќе да бе биде тренер на Штутгарт“, се наведува во клупското соопштение.

Покрај Волф клубот ќе го напуптат и членовите на неговиот стручен штаб.

Клубот за неколку дена ќе објави кој ќе го наследи Волф. Штутгарт во Бундеслигата се наоѓа на 15.место со само три бода повеќе од екипите кои се во опасната зона.

Scroll to Top