Top Sport

Рекордна 21 трка – Мото ГП го објави календарот за 2023

Елитната светска организација Мото ГП го објави својот прелиминарен календар на трки за сезоната 2023 година. Наредната сезона нема да се вози трката за Големата награда на Арагон, што значи деаШпанија сега ќе има „само“ три трки во календарот.

Исто така, трката во Каталуња е поместена за септември, а претходно беше познато дека сезоната ќе биде отворена во Португалија бидејќи патеката Лосаил во Доха, Катар се реновира.

Новитет во 2023 година ќе бидат трките во две азиски земји – Казахстан и Индија.

Забележливо е и дека сезоната ќе заврши многу подоцна од претходните години.

Еве ја комплетната листа на трки за 2023 година:

1) Португалија – 26 март;

2) Аргентина – 2 април;

3) „Америкас“ САД, Остин – 16 април;

4) Шпанија, Херез – 30 април;

5) Франција – 14 мај;

6) Италија, Муџело – 11 јуни;

7) Германија – 18 јуни;

8) Холандија – 25 јуни;

9) Казахстан – 9 јули;

10) Велика Британија – 6 август;

11) Австрија – 20 август;

12) Каталонија – 3 септември;

13) Ривиера Сан Марино и Римини – 10 септември;

14) Индија – 24 септември;

15) Јапонија – 1 октомври;

16) Индонезија – 15 октомври;

17) Австралија – 22 октомври;

18) Тајланд – 29 октомври;

19) Малезија – 12 ноември;

20) Катар – 19 ноември (ноќна трка);

21) Валенсија – 26 ноември.

Scroll to Top