Top Sport

Рено го добија „човекот“ од ФИА

Формула 1 тимот на Рено потврди дека Полјакот Марсин Будковски, кој до неодамна беше шеф на техничкиот оддел на ФИА, ќе биде новиот извршен директор на францускиот тим.

Пред две недели, во текот на викендот од Малезиското ГП, Будковски си даде оставка од својата позиција во Светската автомобилистичка федерација (ФИА). Ова предизвика остри реакции на другите тимови, бидејќи Будковски имаше детали од развојот на болидите за 2018 година на сите Ф1 тимови.

„Мисијата на Марсин ќе биде да се продолжи засилувањето на тимот во фабриката во Енстоун, со што Рено ќе може да се бори со најдобрите тимови до 2020 година“, се вели во соопштението на Рено.

Шесте најдобри тимови пратија писмо до извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери.

„Го знам Марсин добро и тој е добар човек и ако сака да направи кариера во некој тим, ние нема да пречиме. Но, како официјално лице во ФИА тој издаваше технички директиви и не може да се приклучи на тим за само три месеци. Постои конфликт на интереси“, изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top