Top Sport

Рено не се плашат од Мекларен

Францускиот тим Рено инсистира дека не се плаши од пораз од Мекларен следната сезона, откако и англискиот тим ќе користи исти мотори како нив.

Мекларен го раскина договорот со Хонда по три години одбележани со спор, неконкурентен и непостојан мотор, по што од следната година ќе ги добива моторите на Рено, додека Хонда ќе работи со Торо росо.

Генералниот директор на Рено Ф1, Сирил Абитебул признава дека тоа што Мекларен ќе има ист погон како нивниот фабрички тим носи доза да загриженост поради силниот ривал, но дека тоа е позитивно за иднината на Рено.

„Имаше некои грижи, така што беше важно да се објасни на сите, вклучително на вработените во Енстоун, дека приодот кон работата не се менува. Ова ќе биде одличен репер за сите во фабриката на Рено. Не се плашиме од Мекларен, и работиме на остварувањето на нашите амбициозни планови. Веќе имаме силен партнер во Ред бул рејсинг, и тие односи продолжуваат“, вели Абитебул.

Scroll to Top