Top Sport

Диего Лопез повторно на чело на Каљари

Тимот на Каљари потврди дека Диего Лопез се враќа како нивни нов тренер, откако тимот од Сардинија го отпушти Масимо Растели во вторникот по лошите резултати.

Лопез претходно беше тренер на „изолани“ во 2013/14, а сега се враќа од позиција на уште еден островски италијански клуб, Палермо.

„Каљари го доверува техничкото водство на клубот на Диего Лопез. Тој потпиша договор со кој ќе остане со ‘рособлу’ до јуни 2019 година“, се вели во соопштението на тимот.

Каљари имаше просечен старт на Серија А, но поразот од 3:2 од Џенова на домашен терен во текот на викендот ги постави на 14. место на табелата, само едно место над зоната за испаѓање. Ова беше четврти пораз во низа за тимот. Растели го врати тимот во Серија А пред две сезони, и лани беше на 11. место со нив.

Scroll to Top