Top Sport

Рено признаваат: Немаме шанси со Ред бул и Мекларен

Од трите тимови кои ќе возат со мотори на Рено во 2018 година, Сирил Абитебул признава дека фабричкиот тим на Рено ќе биде најслаб бидејќи има „огромен дефицит“ во развојот на шасијата.

Рено покрај партнерството со Ред бул рејсинг (кое завршува на крајот на годината), оваа година имаат ривали и во Мекларен, кои го раскинаа тригодишното партнерство со Хонда така што има интересна ситуација во која три тима имаат идентични мотори. Абитебул, шефот на Рено Ф1, вели дека не очекува да биде подобар од ривалите.

„Знаеме дека имаме значителен дефицит во однос на шасијата на Ред бул – во однос на аеродинамиката и механичката платформа. Ги познаваме многу добро Ред бул и тие ни се вистински репер, бидејќи имаат една од најдобрите шасии во Ф1. Мекларен ни се поголема енигма, но мислам дека и тие ќе имаат мала предност. Се надевам дека ќе ги стигнеме до крајот на сезоната“, вели Абитебул.

Scroll to Top