Рено им дале предлог на Мекларен со што англискиот тим би бил „Б-тим“ на француската компанија од 2021 година, пред славниот тим да се договори за обновување на партнерството со Мерцедес.
На Руското ГП минатиот викенд се потврди дека Мекларен по три сезони партнерство со Рено ќе се врати на мотори на Мерцедес од 2021 година, по што шефот на Рено, Сирил Абитебул призна дека имале „необични“ планови за соработка.
„Мислам дека ќе бевме посилно заедно со посилно партнерство. Тоа е пропуштена шанса за давата тима, но не сме во некоја поразлична ситуација од претходно, барем ние. Тоа што им го предлагавме на Мекларен можеби беше необично, но беше поинаков начин за соработка. Имаме фантастичен пример со Хас и Ферари, поинаков начин на соработка“, вели Абитебул.
Мекларен, еднаш тим кој доминираше во спортот, оди во надолна линија по партнерството со Хонда и со Рено, и шефот на тимот Андреас Зајдл вели дека сега со Мерцедес ќе имаат огромен потенцијал.
„Мерцедес како тим со нивниот мотор постави репер за успех во Формула 1. Најдоброто нешто е да имаме ист мотор со најдобриот тим во Ф1 во моментов и тогаш нема да има простор за криење. Тоа што го покажаа Мерцедес последните шест години не убеди дека тоа е вистински проект за иднината“, вели Зајдл.