Односите меѓу Ред бул рејсинг и нивниот долгогодишен партнер за мотори Рено се влошени подолго време, но сега на две трки пред крајот на сезоната, од француската компанија решија малку да се потсмеваат со возачот на „бикот“, Макс Ферстапен.

Холанѓанецот честопати оваа сезона беше критичар на моторите на Рено, посочувајќи дека би можел да има повеќе успех доколку не биде уништуван од проблемите на моторите. Во 2019 година Ред бул ќе возат со моторите на Хонда, така што „ракавиците“ сигурно се тргнати.

Сега, Рено, во својата најава за Бразилското ГП овој викенд, реши да врати на критиките.

„Една сличност меѓу Мексико и Бразил е забавната атмосфера на патеката, а друга е бројот на жители во двата града. Со комбинирани 20 милиони жители, тоа е речиси исто со бројот на пати кои Макс Ферстапен ’плачеше’ за нешто оваа сезона“, велат од Рено.

Ауч!