Top Sport

Куп на Македонија: Шкендија стана пациент на Победа, Беласица го освои Кратово

Првите четвртфинални дуели во Купот на Македонија одиграни попладнево донесоа помалку неочекувани резултати.

Најинтересниот меч се одигра во Тетово, каде апсолутниот фаворит Шкендија загуби од прилепска Победа со 0:1.

Прилепскиот тим третпат по ред е поуспешен од фудбалскиот шампион. Единствениот погодок вреден возбудлив реванш го постигна Макота во 19. минута.

На останатите мечеви Академија Пандев славеше со 3:1 над Кораб.

Македонија ЃП го совлада скопскиот ривал Работнички минимално со 1:0, додека пак струмичка Беласица убедливо со 0:2 го совлада Силекс сред Кратово.

Реваншите во Купот се закажани за 5 декември годинава.

Scroll to Top