Top Sport

Нишикори освои титула по девет загубени финалиња!

Кеи Нишикори со 6:4/3:6/6:2 го победи талентираниот Русин Данил Медведев во финалето на Бризбејн интернешнл  за да ја освои својата прва АТП титула од февруари 2016 година и да ја прекине неверојатната низа од девет порази едноподруго во мечевите за титула.

Нишикори, кој минатата сезона се мачеше со повреда и падна на 35. место на АТП листата, најави дека е во одлична форма на подготвителниот турнир во Бризбејн, каде што до финалето немаше сериозен противник.

По титулата во Мемфис во февруари 2016 година за Јапоенцот следуваа неверојатни девет порази во финалињата (Мајами опен 2016, Барселона опен 2016, Мастерс Торонто 2016, Свис Индорс 2016, Бризбејн 2017, Аргентина опен 2017, Монте Карло Мастерс 2018, Јапонија опен 2018 и Виена опен 2018).

Фото: ЕПА

Scroll to Top