Top Sport

„Рено Спорт“ го носи првиот „Твинго Куп“ во Македонија

„Twingo Cup Eurocup“ ја стартува својата петта сезона, на која оваа година се приклучува и нашата земја и тоа со трки како дел од Автомобилистичката федерација на Македонија.

„Renault Sport“ како организатор на „Twingo Cup“, официјални претставници на „Lema Racing Team“ и група претставници на медиумите се упатија кон тркачката патека во Серес, Грција каде се одржа првото промотивно возење на моделите од страна на натпреварувачите.

Претставниците од „Lema Racing Team“ одржаа темелно претставување на моделот на возачите како и се одржа официјална презентација на правилата на учество за престојните трки за учесниците.

Во натпреварувачкиот куп моделите „Renault Twingo“ се унифицирани и специјално модифицирани од страна на „Lema Racing Team“ со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики.

Спецификација на возилото:

• Основно возило за преработка на купот е типот: „Renault Twingo 3 AHB 005“
• Моторот поради преправките на издувната грана добива излезни 78hp;
• Моделот „Twingo“ амортизацијата ја добива од „Eibach“ со посебно штелување на геометријата на тркалата;
• За безбедноста е избран реномираниот бренд „Sparco roll cage“, седиште наменето за тркање, сигурносни ремени, специјален систем за гасење на пожар, волан, педали, и заштитна мрежа од истиот производител;

• Пневматиците се во полуслик изведба од производителот „Nankang“ со „Sparco“ алуминиумски фелни;
• Инструмент таблата е од производителот „AIM“ на која е поставен „GPS“ систем,бележи времиња, моментална брзина и вртежи;
• Возилото изобилува со останати аеродинамични посебни делови од „Lема“.

За овој куп планирани се осум трки (4 кружни и 4 ридски) во текот на наредните три години согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација кој ќе биде дополнително објавен.

На крајот од секоја сезона победниците односно за првите три места се одвоени парични награди додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот е 100% електричното возило „Renault Twizy“.

Во продолжение погледнете ги фотографиите промоцијата и слободниот тренинг:

Twingo CUP Eurocup ја стартува својата петта сезона, на која оваа година се приклучува и нашата земја и тоа со трки…

Posted by Renault Sport Macedonia on Вторник, 09 април 2019

Scroll to Top