Top Sport

Ван Дајк: Стерлинг е играч на сезоната

Вирџил ван Дајк е елитен дефанзивец, но исто така голем спортист и господин. Играчот на Ливерпул е во конкуренција за фудбалер на сезоната во Премиер лигата, меѓутоа својот глас му го дал на крилниот напаѓач на Манчестер сити, Рахим Стерлинг.

Тимовите на ван Дајк и Стерлинг водат жестока борба за шампионската титула во Премиер лигата, меѓутоа тоа не му пречи на Холанѓанецот да признае дека англискиот репрезентативец игра сјајно оваа сезона.

Тој смета дека не ја заслужува наградата, иако е меѓу најдобрите, ако не и најдобриот играч на Ливерпул.

„Гласав за Рахим Стерлинг. Сметам дека тоа е исправно, навистина верувам дека тој ја заслужува наградата. Има сјајна сезона. Мислам дека можев да гласам и за Бернардо Силва (Манчестер сити) или за неколкумина други играчи на Сити, но сакав да бидам искрен. Сметам дека многу напредуваше како играч. Че видиме како ќе заврши изборот“, рекол ван Дајк.

Инаку, минатата сезона оваа престижна награда ја освои соиграчот на ван Дајк, Мохамед Салах.

Scroll to Top