Top Sport

Респект меѓу ривалите – Волф го фали Маркионе

Шефот на Мерцедес, Тото Волф застана во неочекувана одбрана на претседателот на Ферари, Серџо Маркионе, велејќи дека е „преедноставно“ да се обвини неговиот стил на водење на тимот за неуспехот да се победи „Сребрената стрела“. Сепак, тој додаде дека става помалку притисок на своите вработени.

Маркионе честопати во текот на минатата сезона ги критикуваше своите вработени, вклучувајќи го техничкиот состав за непостојаниот болид и „спориот“ Кими Раиконен. Волф не верува дека ова влијаело во борбата за титулата.

„Притисокот може да направи дијамант, но притисокот исто така може да донесе до дупната водоводна цевка. Серџо Маркионе е еден од најуспешните бизнисмени кои ги познавам и еден од најбистрите умови со кои сум имал среќа да се запознаам. Стилот на Ферари одговара за него, така што е премногу едноставно да се каже дека затоа не победија во 2017 година“, вели Волф.

Атмосферата во Мерцедес, сепак, е поинаква.

„Ние ги охрабруваме сите во организацијата да го кажат своето. Имаме мото: ‘види го, кажи го, поправи го’, што значи дека сите треба да бидат во безбедна работна околина. Се обидуваме да го обвиниме проблемот, а не човекот“, објаснува Волф.

Scroll to Top