Top Sport

По јамајчанскиот, подгответе се за нигерискиот боб тим (видео)

Сеун Адигун, Нгози Онвумере и Аукома Омеога велат дека се надеваат дека ќе станат едни од ѕвездите на Олимпијадата во Пјеонгчанг следниот месец, бидејќи таму ќе бидат првите Нигеријки кои настапиле во боб санкање.

„Кога почнав воопшто немав видено снег. Како да ви го опишам чувството? Како да ставите некого во канта за ѓубре и да го пуштите по надолнина“, вели Нгози.

Трите девојки се Американки со нигериско потекло и се израснати во САД, и трите имаат искуство во атлетиката, поточно во спринтовите. 31-годишната Сеун ја претставуваше Нигерија на Олимпијадата во Лондон како спринтерка.

Нигерија ќе биде првата африканска нација која учествувала во боб-санкање, со Сеун како возач, а Нгози и Аукома како „кочничари“. Тие потрошија 170.000 долари на опремата и тренингот.

„Почнавме од нула. Покрај тоа што требаше да учиме како се вози боб-санка, моравме да собираме и пари од пријателите, семејствата, од Интернет, од секаде“, вели Акума.

Нивната приказна, нормално, потсетува на легендарниот јамајчански тим од Калгари во 1988 година, кој беше овековечен и во филмот „Кул ранингс“. Оваа година, јамајчанскиот женски тим првпат се квалификуваше и ќе се натпреварува против Нигеријките.

Scroll to Top