Top Sport

Рикардо најбрз на првиот тест

Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо, беше најбрз на првото претсезонско тестирање во Бахреин, во пресрет на новата сезона во Формула 1.

Рикардо, кој сезонава дебитира за Мекларен, возеше 45 круга, најбрзиот од нив со време 1:32.203 минути.

Само 28 илјадити делови од секундата, за Рикардо, беше возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли, додека еден од фаворитите во шампионатот Макс Ферстапен од Ред Бул задоцни за 42 илјадити делови од секундата.

Првата сесија во Бахрени, имаше прекин од 10 минути, поради излетувањето од патеката на Шарл Леклер од Ферари.

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон, поради проблеми со менувачот, не возеше, додека ист прпблем имаше и неговиот колега Валтери Ботас, но Финецот успеа да комплетира шест круга.

Scroll to Top