Top Sport

Стоилов го пропушта реваншот со Данска

Македонската ракометна репрезентација, без Стојанче Стоилов, ќе и се спротивстави на Данска во Алборг, во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Македонија, вчера, извојува голема победа над Данска (33:29), на дебито на селекторот Кирил Лазаров.

Македонија има максимален учинок по три одиграни натпревари во групата, во која уште се и Швајцарија и Финска.

Стоилов се пожалил на повреда по синоќешниот дуел, а селекторот Лазаров не сака да ризикува и тој ќе отпадне за реваншот.

На оваа позиција Лазаров ги има Жарко Пешевски и Никола Маркоски.

Данска и Македонија ќе играат в недела од 16 часот, во Алборг.

Scroll to Top