Возачот на Мекларен Даниел Рикардо, забележал најбрз круг на тестирањето во Барселона. Австралиецот, претпладнево возел 64 круга, најбрзиот бил со време 1:20.355 минути.
Вчера, неговиот колега Ландо Норис, го имаше најбрзиот круг.
Втор претпладнево на патеката „Каталуња“, бил Карлос Саинц од Ферари (1:20.546). Шпанецот возел вкупно 71 круг. Третото најбрзо време го поставил Пјер Гасли од Алва Таури (1:20.764).
Луис Хамилтон, човекот со седум шампионски титули, возел само 40 кругови и го забележал деветтото најбрзо време (1:22.569).
Попладнево болидите повотрно ќе излезат на патеката во Барселона.