Top Sport

Касано се подготвува за кам-бек со Парма?

Ветеранот Антонио Касано планира повторно да се врати на фудбалот, и веќе е во напреднати преговори со легендарната Парма, тврди „Скај спорт Италија“.

Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација утре полни 36 години и веќе две сезони нема одиграно ниту еден меч. Тој беше „замрзнат“ на клупата на Сампдорија во сезоната 2016/17, пред минатото лето да потпише договор со Верона, каде што „траеше“ само осум дена и си замина под контроверзни услови.

Тој одигра два пријателски меча за Верона, тогаш во Серија Б, но  претседателот на клубот, Маурицио Сети изјави дека тој не е „во ред во главата“.

„Во главата не му е во ред, иако е добро физички подготвен. Вистинска штета за него“, изјави тогаш Сети.

Касано веќе има играно за Парма, во текот на сезоната 2014/15, кога тимот беше пред банкрот, за само три години подоцна, славните „Дукали“ да се вратат во Серија А.

Парма на нозе! Лукарели го исполни ветувањето и ја врати во Серија А

Scroll to Top