Top Sport

Рикардо откри зошто нема да вози за Мерцедес

Даниел Рикардо вели дека можеше да вози за Мерцедес во 2019 година, но дека му се „смачило“ да чека искрен одговор од шампионскиот тим.

Откако импресионираше на стартот на сезоната, се очекуваше Австралиецот да го продолжи договорот со Ред бул, или да чека голема понуда од Мерцедес и Ферари, но тој ги изненади сите со одлуката 2019 да ја вози како пилот на Рено.

„Знаев дека е потребно време за да се завршат разговорите, но веќе дојде јуни и откако зборувавме неколку пати, не добив јасен одговор. Сакав само да знам, не ме сакаат, и тоа е кул, да одам понатаму. Но, не сакав да ја играм таа игра, бидејќи јас сакам директни одговори“, вели Рикардо за „ЕСПН“.

Рено е тим кој зад себе има ресурси да се обиде да се бори за светската титула, меѓутоа, тешко е тоа да се очекува веќе во првата сезона.

„Имав тимови кои навистина ме сакаат, но и тимови кои не сакаа да ми кажат што се случува, како Мерцедес. Сега сме на почеток на еден проект и верувам дека ќе бидеме шампиони заедно“, додава Австралиецот.

Scroll to Top