Top Sport

Зибенхофер со деби триумф во Кортина, Вон надвор од топ 10 (видео)

Австријката Рамона Зибенхофер, конечно, стигна до својата прва победа во кариерата, откако доминираше на спустот во италијанскиот ски-центар Кортина Д’Амепцо.

27-годишната Зибенхофер дебитираше во Светскиот куп во 2009 година, но досега имаше само две трети местоа – во Лејк Луис во 2015 година и во Вал Гардена во декември. Нејзиното време од 1:55.44 беше за 0.4 секунди подобро од повратничката на Светскиот куп, Словенката Илка Штухец, додека Австријката Штефани Фениер беше трета со 0.46 секунди послабо време.

Осумкратата шампионка од Светскиот куп во спуст, Американката Линдзи Вон беше на 15. место, додека Италијанките потфрлија со Франческа Марсаља на 7. место како најдобар пласман.

Scroll to Top