Top Sport

Рикардо тврди дека останува во Мекларен и следната сезона

Даниел Рикардо одговори на шпекулациите околу неговата иднина во Формула 1 шампионатот, потврдувајќи дека ќе остане со Мекларен барем до 2023 година, со што ќе го комплетира договорот со англискиот тим.

Шпекулациите околу иднината на австралискиот возач траат цела сезона, а се зголемија откако Мекларен потпишаа договор со ИндиКар шампионот, Алекс Палу, како и со уште двајца млади возачи, Колтон Херта и Пејто О’Ворд. Рикардо лани стигна до славна победа на Италијанското ГП, но беше далеку зад својот клупски колега, Лендо Норис, кој и оваа година има 64 поени, за разлика од 17-те на Рикардо.

„Имаше многу шпекулации околу мојата иднина во Формула 1 и затоа сакам да слушнете директно од мене. Посветен сум на Мекларен до крајот на следната година и не си заминувам од Формула 1. Знам дека не беше лесно, но кој би сакал да биде лесно. Работам со мојот тим да го подобриме болидот и да се вратиме на врвот. Ќе се видиме во Ле Кастеле“, напиша Рикардо.

Scroll to Top