Top Sport

Рикардо: Во Ред бул не гледав надеж за победа

Новиот возач на Рено, Даниел Рикардо се „отвори“ за својата одлука да замине од Ред бул за францускиот тим по повеќе од една деценија соработка, велејќи дека се работи за „лична работа“ и дека полека ја губел мотивацијата.

Рикардо дојде во Ред бул во 2014 како замена за својот австралиски сонародник Марк Вебер, во период во кој тимот имаше четири титули во низа, но оттогаш тој имаше само 7 победи за тимот и вкупно 29 подиуми и во ниту еден момент Ред бул не беше сериозен конкурент за титулата.

„Делумна причина беше одлуката да ризикуваат со Хонда и стравот од слаби перформанси. Во Рено сакаат да бидат шампиони, но нема очекувања дека тоа ќе се случи оваа година. Во Ред бул на почетокот на секоја година беше: ’Ова е нашата година’, и нормално е потоа да си разочаран. Дојдов во тимот кога беше шампион, но пет години во тимот бевме далеку од такви амбиции. Не беше секогаш лошо, но мислев дека во Рено има поголем потенцијал за раст. Не гледам негативно на времето кое го поминав во Ред бул, тие ми дадоа фантастична шанса, но спортот функционира на овој начин. На крајот, се работеше за лично чувство, на фрустрација и на губење мотивација“, вели Рикардо.

Scroll to Top