Top Sport

Рикјардо се удри во Ферстапен, двата Ред була во аут! (видео)

Апсолутно лудило од возачите на Ред бул на Азербејџанското ГП, откако Даниел Рикјардо во обид да го претекне колегата Макс Ферстапен го „собра“ Холанѓанецот и двајцата излетаа од трката на 10 круга пред крајот.

До ситуацијата дојде откако Ферстапен по влегувањето во боксот излезе пред колегата, и иако 20-годишниот Холанѓанец доби прекар „лудиот Макс“ овојпат вината беше на страната на неговиот поискусен австралиски колега.

Уште поклучно за трката, Валтери Ботас излезе пред Себастијан Фетел.
Ова не беше единствениот инцидент на трката, откако претходно Естебан Окон во Форс Индија го „уништи“ Кими Раиконен во Ферари.


Scroll to Top