Top Sport

Ринс ја скрши раката: Накагами е ризичен возач, треба да биде казнет

Возачот на Сузуки, Алекс Ринс, не ја заврши трката за Големата награда на Каталонија во неделата. Шпанецот излета од патеката по контактот со Такаки Накагами во првиот свиок. Ринс се здоби со фрактура на левата рака, не е познато колку време ќе му биде потребно за рехабилитација и кога ќе се врати во тимот на Сузуки.

Покрај Ринс и Накагами, во инцидентот, во првиот круг учествуваше и Франческо Бањаја. Покрај Ринс во болницата бил примен и Накагами, според достапните информации тој се чувствува добро.

Само една недела претходно Ринс и Накагами беа учесници во инцидентот во Муџело, а во таа прилика Ринс го нарече Јапонецот „еден од најопасните возачи“. Шпанецот и тогаш беше лут што Јапонецот не бил казнет.

„Пред се, се надевам дека Така е добро бидејќи го видов во болница и лицето не му изгледаше најдобро. Сепак, тој не смее да продолжи вака. Никогаш не сакам противникот да биде повреден, но морам да кажам дека ја мина границата во оваа ситуација. Тоа е неприфатливо. Воопшто не ми е јасно што прави дирекцијата на трката и зошто не направи нешто за сето ова. Тоа му го кажав во Муџело на Фреди Спенсер. Му реков дека Накагами треба да ја добие истата казна што ја доби Дениз Онџу во категоријата Мото3 – суспензија за една трка. Денеска можевме да видиме дека менаџментот на трката не е на потребно ниво. Тоа е очигледно. Ние се тркаме со над 350 км/ч, ова не е игра“, рече Алекс Ринс.

Scroll to Top