Top Sport

Ривалите се лути што ФИА се договори со Ферари

Формула 1 тимовите размислуваат за својот следен потег, откако Светската автомобилистичка федерација (ФИА) контроверзно објави дека се „договориле“ со Ферари околу наводната нелегалност на нивниот мотор за 2019 година.

Според „Би-би-си“, ривалите на Ферари се незадоволни од одлуката да се стави крај на истрагата без да се каже дали моторот на Скудерија е легален или не и тие бараат одговори од ФИА на неколку прашања.

– Дали недостатокот на казна значи дека болидот на Ферари бил легален цела сезона 2019?

– Ако не е така, зошто има потреба да се стигне до „договор“?

– Колку доверба може да се има во ФИА во истрагите за легалноста на одредени болиди?

Во Ферари одбија да ги кажат деталите за договорот со ФИА, а засега ниту од ФИА не коментираат.

Ред бул и Мерцедес минатата сезона почнаа да се сомневаат во супериорноста на моторот на Ферари на рамните делови, и пред Американското ГП во октомври, ФИА мораше да даде објаснување на правилата по барање на Ред бул околу протокот на гориво во моторот, кој наводно Ферари го манипулирале.

По оваа директива на ФИА, Ферари само еднаш се искачи на подиумот до крајот на сезоната 2019.

ФИА склучи „приватен договор“ со Ферари околу контроверзниот мотор!

Scroll to Top