Марк Маркез ја освои пол-позицијата во пресрет на траката за Големата награда на Чешка. Лидерот во генералниот пласман и актуелен светски првак, на патеката во Брно највеќе ризикуваше и на крајот беше награден за таквиот ризик.
Дождот ги обележа квалификациите во Чешка, а клучен беше ризикот што го презеде Маркез кога во последните минути излезе со гуми за суво иако повторно започна повторно да паѓа дожд.
На крајот Маркез имаше подобро време за две и пол секунди од возачот на Прамак Дукати, Џек Милер.
Шпанецот ја освои 58 пол-позиција во кариерата и се израмни на вечната листа со Мајк Дуан.
Even by @marcmarquez93's standards, that was phenomenal! ?
Pole position at Brno, by 2.5 SECONDS!
???#CzechGP ?? pic.twitter.com/ckfPRzFAyM— MotoGP™? (@MotoGP) August 3, 2019
Покрај Маркез и Милер трката од првиот ред ќе ја започне Жоан Зарко. Ова е најдобар резултат за Зарко и за неговиот тим КТМ оваа сезона. Успехот на тимот го надополни Пол Еспаргаро кој во квалификациите беше петти.
Инаку како четврти трката ќе ја започне Андреа Довициозо на Дукати, а шести е Алекс Ринс на Сузуки.
Третиот ред го формираа Валнетино Роси на Јамаха, Данило Петручи на Дукати и Маверик Вињалес на Јамаха.