Мото ГП легендата Валентино Роси го повика Луис Хамилтон да дојде на неговиот тренинг-ранч за мотокрос во Италија откако петкратниот Ф1 шампион неодамна се обиде да тестира Супербајк мотоцикл во Херез.
Хамилтон во саботата возеше со возачите на Јамаха, Алекс Лоувс и Михаел ван дер Марк на УЗР-М1 мотоцикл со неговиот број 44. Тој имаше мало излетување на една кривина, но не се повреди и продолжи да тестира.
Роси, кој во неделата заедно со својот сонародник Франко Морбидели победи на трката „100 километри шампиони“ мотокрос-трка, го покани Хамилтон во неговиот роден град Тавулија, каде што работи возачката академија на „Докторот“.
„Знам дека Хамилтон многу сака мотоцикли, дека ги следи трките бидејќи секогаш ми пушта СМС пораки. Малку претерува, не фали нас мотоциклистите велејќи дека ние ризикуваме, но ниту Ф1 не е шега. Мора да дојде на ранчот еден ден“, вели Роси.
View this post on Instagram
Sick couple of days in Jerez ???@michaelvdmark @alexlowes22 @patayamahawsb @monsterenergy